Судскиот совет избира претседател на Кривичен суд

Судскиот совет денеска ќе одлучува кој ќе биде нов претседател на Кривичниот суд Скопје еден по оставката на Стојанче Рибарев.

На дневен ред на советот е усвојување на конечна ранг листa на кандидатите за претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје и донесување на одлука за избор на претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје“, се наведува во соопштението на судскиот совет.

Најголемиот суд во земјава е 20 дена без прв човек откако Рибарев најпрво замина на боледување, а потоа си поднесе оставка, како што наведе, од лични причини.

Претходно и судијката Татјана Михајлова си поднесе оставка. За претседател на Кривичен се пријавени поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски, судијата Иван Џолев, судијата Ивица Стефановски кој му беше заменик на Панчевски, судијата од одделот за организиран криминал Ѓоко Ристов, судијата Осман Шабани, судијката Оља Ристова и судијката Весна Димишкова.