
Судијата Татјана Михајлова вчера со писмен поднесок го извести Судскиот совет на Република Македонија дека поднесува неотповиклива оставка на функцијата в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје. Во текот на денешниот ден Судскиот совет на РМ ќе преземе мерки за адекватно решавање на настанатата ситуација, ќе бидат извршени анализи и во најкраток можен рок ќе биде закажана седница по повод поднесената оставка на в.д. претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје, се наведува во соопштението од Судскиот совет на РМ.