Судството на Заев се бламира со лажни сведоци во градењето политички процеси

Вчерашното рочиште за настаните „27-ми април“ би можело да биде клучно за овој случај, откако вештакот Мирослав Котевски, ангажиран од одбраната потврди, докажа дека клучниот човек на обвинителството, Александар Василевски „Нинџа“ воопшто не бил во зградата на ВМРО-ДПМНЕ како што тврдеше Нинџа.

Александар Василевски, познат како „Нинџа“ во скопското полуподземно милје, досега неколкупати во текот на процесот ја изненадуваше јавноста изнесувајќи податоци кои претходно воопшто ги немаше споменато во неговите искази претходно, ниту на судењето претходно, па ги прошируваше и изменуваш. Нинџа наеднаш и почна „да се саќава“ на некои настани и личности за кои претходно една година не се сеќавал. Во секој нормален и функционален правосуден систем ваков сведок и негово сведочење не можат да претставуваат релевантен доказ на кој може да се заснова пресуда со доволно факти.

Но, имајќи предвид дека се работи за лице кое досега искажа четири различна верзии за истите настани во Собранието а на него инсистира и сѐ уште се потпира обвинителството, веројатно тоа не треба да зачудува. Меѓутоа, и тоа како треба да зачудува, па и да плаши, тоа што извикани и наводно опитни обвинители, како Вилма Русковска, на пример, може да си дозволат за сведоци да прифаќаат лица осведочени по, благо кажано, нестабилност при давањето искази.

Но тоа не би требало воопшто да предизвикува зачуденост, имајќи предвид дека стручното вештачење многу јасно ја покажа политичката тенденција во контрукцијата на овој случај од страна на обвинителството, покрај несфатливото обвинение за терористичко здружување.

Преку стручна анализа користејќи ги податоците од базните станици, Котевски вчера во судницата докажа дека Нинџа тој 27-ми април пред три години се движел на просторот околу Градскиот трговски центар, кејот на Вардар, Плоштадот Македонија и Собранието. Во еден момент околу 22 часот, сигналот на неговиот мобилен бил регистриран од базната станица во лизина на седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ. Но, Нинџа или само поминал или само се доближил дотамум но не влегол во зградата, бидејќи добил повик од вториот негов телефон кој не бил во него лоциран на базната станица „Алмако“ кој се наоѓа во близина на италијанската амбасада и се упатил натаму.

Тоа ги негира претходните сведочења на Нинџа дека наводно бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и оти наводно таму добивал инструкции за наводно дејствување во Собранието.

„Корисникот на бројот 076 44**06 (во сопственост на Александар Василевски Нинџа) бил во непосредна близина или во самата зграда на седиштето на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ” во временски период помал од 1 минута (22:19) и корисникот на бројот 075 28**51 (во сопственост на Александар Василевски Нинџа) бил во непосредна близина или во самата зграда на седиштето на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ” единствено во временски период од 5 минути (22:08 до 22:13 часот).

Се потврди и дека обвинетиот Спиро Ристовски и Нинџа воопшто немале телефонска комуникација тој ден, туку само еден неуспешен обид на Нинџа да му се јави, но и тоа не е регистрирано од мобилните оператори.

Според вештакот, доказите кои ги приложила Русковска пред судот кога го подигнала обвинението не биле запечатени односно заштитени од промени, поради што тој се сомнева дека е можно некој да ги променувал – односно да направил фалсификат.

„Материјалните докази кои ми беа предадени од страна на одбраната не содржат никаква заштита на датотеките (“xls” фајловите) со што се нарушена нивната доверливост како податоци“, наведе Котевски, што многу јасно посочува дека во материјалите коишто се приложени како докази, можело да се интервенира во нинвата содржина.

Станува јасно дека случајот „27-ми април“ е граден врз основа на лажен исказ на сведок кој за обинителството, а подоцна и за судот беше клучен обвинетите да бидат осудени на повеќе од 200 години затвор. Со ова е нарушена довербата на претходната пресуда за сторителите, а по сведочењето на вештакот има сѐ помали докази да бидат осудени и ткн организатори на собраниските случувања од 2017 година.