Сугарески и Китанов ќе извршат увид на реконструкцијата на Скопската обиколница

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, денеска ќе извршат увид во реконструкцијата на Обиколница-Скопје, кај клучка Стајковци.

За реконструкцијата на  Скопската обиколница се одвоени 580 илјади евра. Активностите на терен почнаа на 10 минатиот месец.