Сугарески на увид во реконструкцијата на автопатот Неготино-Демир Капија

Увид во реконструкцијата на автопатска делница Неготино-Демир Капија  изврши во саботата министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатиел за државни патишта, Зоран Китанов.

Увидот беше извршен на пет километри пред Демир Капија близу село Прждево. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, станува збор за проект со вредност од пет милиони евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Се работи за целосна реконструкција на оваа автопатска делница во двата правци и тоа Неготино – Демир Капија и обратно.

Седум километри од десната лента е комплетно завршена и во многу скоро време ќе се пушти за сообраќај. Потоа градежната компанија ќе премина на реконструкција на левата лента и според планираното очекуваме комплетно автопатот да биде завршен ова лето.

„Се работи за еден прекрасен центар кој е прв таков во Република Македонија, но нема да биде последен со цел целата работа да биде завршена и да може да биде пуштен автопатот и веќе во месец јуни од Табановце до Гевгелија да се вози по обновени и безбедни патишта“, рече Китанов.