Шулц: До јули нема шанси за безвизен режим со Турција

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави денеска дека според него, нема шанси за договор за безвизни патувања на турски граѓани во Европската унија до јули, јави ДПА.

Во интервју за Дејчландфунк, Шулц изјави дека ЕП „безусловно“ нема да почне консултации во момент кога Анкара не исполнила сулови за безвизен режим.

Шулц смета дека Турција не исполнила пет од 72 услова на ЕУ.

– Не е прашање на количина, туку на квалитет, а два од најнеопходните услови – заштита на податоците и антитерористичкиот закон, очигледно не се исполнети, изјави Шулц.

Претставници ан ЕП посочија вчера дека безвизниот режим нема да се разгледува додека Анкара не го промени антитерористичкиот закон.