-Сега очекуваме британската Влада да премине од зборови на дела. Самитот во вторник е соодветен момент за тоа, посочи Шулц за „Билд ам зонтаг“.
И други високи претставници на ЕУ апелираа Велика Британија брзо да ја напушти Унијата за да се избегне период на несигурноста за останатите 27 земји-членки.
Во меѓувреме, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека по одлуката на Британците важно е Унијата да покаже единство во борбата против растечките глобални предизвици.
-Целта, дури и постоењето на нашата Унија се доведени под прашање. Сепак, на нашите граѓани и на светот потребна им е силна ЕУ како никогаш порано, истакна Могерини.