Шумски пожар избувна кај Битола

Шумски пожар избувна попладнево над битолското село Лавци.

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески на попладневната средба со новинарите рече дека гаснењето и локализирањето на пожарот го отежнува силниот ветер кој во текот на денот континуирано дува.

– Информиран сум од Територијалната против пожарна единица дека екипите се наоѓаат на терен и дејствуваат. Опожарена е нискостеблеста шума на површина од околу 3 до 4 хектари, додаде Талески.