Сунак доби најмногу гласови во првиот круг од изборот на новиот лидер на британските конзервативци

Британскиот премиер на заминување Борис Џонсон изјави дека се повлекува од функцијата, вклучително и од лидерската позиција во владејачката Конзервативна партија, со „крената глава“, иако во говорот пред пратениците призна дека заминува пред тоа да го посакува, а во првиот круг од гласањето за негов наследник најмногу гласови доби поранешниот министер за финансии Риши Сунак.

Во острата вербална пресметка со челникот на опозициските лабуристи Кеир Стармер, кој оцени дека Борис Џонсон е загубен во сопствените илузии да се спаси до крајот, конзервативецот го обвини противникот „никогаш не изнел ниедна идеја, ниту проект за земјата“.

Џонсон ги наведе брегзитот, кампањата за вакцинирање против Covid-19, „решавачката улога“ на Велика Британија кон „бруталната агресија“ на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина, „сето тоа се задачите кои владата го одработи“ под неговото водство, и рече дека е „горд на одличната работа на својот тим“.

„Апсолутно е точно дека заминувам во моментот кој не го избрав, Заминувам, но заминувам со крената глава“, рече Џонсон.

Се обрати пред пратениците. речиси една седмица откако ја најави оставката изнудена од масовните оставки од министрите и другите високи функционери во неговата влада кои со тоа го предизвикаа да ја поднесе оставката поради низата скандали и афери, но во прв ред обвинувајќи го за лошо управување со земјата и највисоката инфлација во земјата по повеќе децении.

„Ќе ми недостигаат овие седмици на апсурдност“, му одговори Стармер на Џонсон.

Претходно одвај прикриено го нападна поранешниот министер за финансии Риши Сунка и неговата пребогата сопруга која избегнала да плати данок на приходите од странство.

Во средата беше одржан и првиот круг од трката на осумте кандидати за наследник на Џонсон на челната позиција на ториевците и следствено за нов премиер, а најголем број гласови – 88, доби токму Сунак.

Следеше министерката за трговија Пени Мордонт со 67, и шефицата на дипломатијата Лиз Трас, која се смета за фаворитка и миленичка на влијателните конзервативци со 50 гласови. Министерот за финансии Надим Захави и поранешниот шеф на министерскиот кабинет Џереми Хант беа елиминирани во првиот круг.

Риши Сунак, Лиз Трас, Том Тагендат, Кем Баденох, Пени Мордонт, Џереми Хант, Надим Заггави и Суела Браверман обезбедија 20 потписи од колегите пратеници за влегување во изборот.

По денешниот круг бројот на кандидатите се намали на шест, а следните кругови ќе бидат организирани сѐ додека не се добијат двајца конечни кандидата. Изборот на новиот партиски челник и премиер се очекува на конвенција на конзервативците на 5-ти септември.