За седум седмица или поранешниот британски министер за финансии Риши Сунак или актуелната министерка за надворешни работи Лиз Трас ќе се соочат последен пат за да ја остварат својата амбиција да застанат на чело на владејачката Конзервативна партија и следствено нов британски премиер на местото од нивниот сопартиец Борис Џонсон.
Двајцата беа избрани со гласањето со постепена елиминација на првичните осум кандидати во пет круга на пратениците од Конзервативната партија, чиишто 200.000 делегати на конечното гласање на 5-ти септември ќе го изберат идниот челник на ториевците, и соодветно новиот станар на премиерската резиденција во Даунинг стрит 10.
Ришис Синак, кој важи за миленик на лондонски Сити (моќниот финансиски центар) доби 137 гласови, додека Лиз Трас кој е миленичка на влијателниот естаблишмент на конзервативците доби 113 гласови, додека државната секретарка за надворешна трговија Пени Мордант е елиминирана откако добил 105 гласови, според резултатите кои ги соопшти сер Греам Бреди, претседателот на Комитетот 1922 задолжен за организација на интернет гласањето.
Поради низата афери и скандали, и откако беше откриено дека сакал да ги забошоти, Борис Џонсон беше принуден да поднесе оставка на 7-ми април, откако повеќе од 50 министри и високи владини функционери од неговата партија се повлекоа од позициите изразувајќи сомневање во неговата способност да ја води земјата.
Тоа доведе до изборите за лидерската позиција меѓу британските конзервативци, а од денеска е јасно дека партијата и владата по првпат ќе ја води маж кој не е белец или по третпат тоа ќе биде жена, по Маргарет Тачер и Тереза Меј. Сунак има тесно водство пред Трас во последната анкета за популарноста меѓу членовите на Конзервативната партија.
Сѐ до последниот момент пред гласањето во средата, соработниците на тројцата кандидата активно лобираа меѓу конзервативните пратеници, а особено им се обраќаа на оние коишто ја поддржаа поранешната министерка за женските права и рамноправност Кеми Баденох, којашто беше елиминирана од трката во вторникот.
Во последниот ткн полчас на должноста премиер Борис Џонсон им се заблагодари на сите соработници и порача „Аста ла виста бејби“ (Довидување малечок), цитирајќи ја фразата која во филмот „Терминатор 2: Судниот ден“ од 1991 година ја изговори актерот Арнолд Шврценегер.
Џонсон притоа додаде и неколку совети за неговиот наследник „Останете цврсто крај САД, поддржете ја Украина, намалете ги даноците, не дозволувајте министерството за финансии да ги спречува амбициозните проекти и водите смета за гласачкото тело“.