Сунао Тсубои, хибакуша од Хирошима, почина на 96 години

Сунао Тсубои, силниот противник на нуклеарното оружје, кој го преживеа американскиот напад со атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима летото 1945 година на крајот од Втората светска војна, почина на 96-годишна возраст, објави во средата органзиацијата на борците против атомското оружје која ја водеше.

Тсубои „почина во саботата од анемија“, објави Конфедерацијата на организициите на жртвите на атомските бомбардирања на Хиришима и Нагасаки.

На 6-ти август 1945 година, тогаше двесетгодишниот Сунао Тсубои бил на пат кон инженерската школа во Хирошима кога првата атомска бомба во историјата е фрлена од американскиот бомбардер и експлодила над градот претворувајќи го во пекол.

„Имав изгореници по целото тело. Бев гол, се обидов да бегам три часа, но немав веќе сила да одам“, раскажа за AFP своевремено Тсубои кога пред неколку години се сретна со тогашниот американски претседател Барак Обама, првиот кој дојде да се поклони пред жртвите во Хирошима но не се извини.

Убеден дека му отчукал смртниот час, земал камен и на него напишла „Тука умре Тсубои“ и се онесвестил. Се разбудил дури по неколку седмици.

Заболел од рак и други болести, но целиот живот продолжи да се бори против нуклеарното оружје и се заземаше за правата на „хибакушите“, луѓето кои ги преживеале атомските бомби во Хирошима и Нагасаки.

„Оптимист сум. Никогаш нема да се предадам. Нашата цел е нулта стапка на нуклеарно оружје“, изјави Тсубои во 2016 година.

Атомската бомба фрлена врз Хирошима усмртила 140.000 луѓе само од август до крајот на таа 1945 година, а бомбата врз Нагасаки, фрлена на 9-ти авгус 1945-та, оденсе уште 74 животи во истиот период.

Јапонија капитулара на 15-ти август 1945 година, со што официјално завршува Втората светска војна.

Кон крајот на март 2021 година, живи беа уште 127.755 хибакуши(што од јапонски се преведува како „луѓе погодени од експлозија“), кои официјално ги признава јапонската држава и нивната просечна старост изнесуваше 84 години.