Супер компјутерот на „ОПТА“ ги одреди шансите за триумф на секој учесник на СП

Светското првенство ќе започне за неколку дена, а голем број од патниците во Катар очекуваат нивната репрезентација да триумфира на мундијалот.

Сепак, јасно е дека само една селекција ќе слави на 18. декември, а компјутерот на статистичкиот експерт ОПТА го прогнозирал епилогот на СП со помош на вештачка интелигенција.

Алгоритмот на ОПТА земал предвид голем број критериуми, прогнозирајќи го исходот, а според истиот Бразил ќе биде нов светски првак по пауза од 20 години.

Бразилците имаат 15,8% шанси да победат во Катар и дури 63,7% да играат во четвртфиналето, а зад нив е Аргенетина со 12,6%. Европска селекција со најголеми шанси да триумфира на СП има Франција, која е на третото место со 12,2%.

Во Топ 10 се уште и Шпанија, Англија, Германија, Холандија, Португалија, Белгија и Данска.