Силната бура Доксури повторно добила моќност на супер-тајфун приближувајќи се на југоисточна Кина, откако ги опустоши Тајван и северниот дел од Филипини со дожд и силни ветрови поради кои потона брод при што животите ги загубија најмалку 25 луѓе.
Ветровите околу средиштето на бурата достигнувале брзини до 187 километри на час, со што Доксури повторно дојде на највисокот ниво на кинеската категоризација на тропските бури.
Траект потона во близина на филипинската престолнина Манила откако патниците исплашени од силите ветрови поитале на едната страна на бродот и го превртиле при што загинаа 25 луѓе. А дури 36 луѓе загинаа оваа седмица во текот на минувањето на бурата Доксури крај северни Филипини.
Во јужните окрузи Тајван се затворени компаниите и училиштата поради предупредувањата од свлечишта и поплави. Запрени се и сите домашни летови и траектски линии, а истовремено повеќе од 100 меѓународни летови се откажани или одложени. Запрен е и железничкиот сообраќај меѓу јужен и источен Тајван.
Се очекува дека бурата Доксури ќе ја погоди Кина во петокот наутро по локално време во југоисточната покраина Фуџијан. Кинеската метеоролошка управа пргонозира дека Доксури ќе биде послаб од тајфунот Меранти од 2016 година, најсилната бура која го погодила кинескиот брег од 1949 година и која усмрти најмалку 11 луѓе.