
Резултатот од суперанализата на оспоруваниот вакумиран чаден сечкан свински врат земен од малопродажен објект во Гевегелија, покажа дека е негативен на листерија моноцитигенес. Во текот на денешниот ден, претпладне Екстра Меин ги доби првичните резултати од суперанализата на мостри земени од оспоруваните лотови повлечени од малопродажба на свинскиот врат и сите се покажаа негативни на листерија.
Суперанализата е направена во Факултетот за ветеринарна медицина при што беа тестирани мостри од двата производствени лота на сечкан свински врат и фолија за пакување.
„Ова покажува дека производите излезени од погоните Екстра Меин се произведуваат по сите светски стандарди за безбедност и квалитет на храна“, велат од Екстра Меин.
Во текот на денот се очекува да пристигне и втората суперанализа изработена од Институтот за јавно здравје.