Скопје и Националната Арена „Филип Втори” ќе го организираат Европскиот Суперкуп во 2017 година.
Вака одлучи Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА) на денешниот состанок во Прага, пренесува Спорт медиа.
Скопје ја доби честа да ги угости најдобрите два тима за сезоната 2016/17 и во август за две години да биде домаќин во воведната пресметка на лауреатите од сезоната претходно, дуелот помеѓу европскиот првак и победникот во Лига Европа.
Виталиј Мутко за италијанските медиуми ја објавил веста за изборот.