![superkup](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/superkup.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
На двата фудбалски гиганти кои вечерва ќе се борат за пехарот од Суперкупот, УЕФА ќе им дозволи да прават паузи за вода поради високите темератури.
Информацијата ја потврдија и британските и шпанските медиуми. По дневната тепература од 40-тина степени, за вечерта на почетокот на натпреварот се очекуваат 32 кои поради големиот број на публика сигурно ќе се покачат.
Британски „Сан“ пренесува оти ваквата идеја е релативно нова во светот на фудбалот, но се повеќе се практикува во пеколно топлите земји. Ќе се прават две паузи, една во прво и една во второ полувреме (во 30-та и 74-та минута).
„Македонија е погодена од тополотниот бран што го зафати најголемиот дел од Јужна Европа“, пишува медиумот.
И на Реал Мадрид и на Манчестер Јунајтед, паузите им се веќе познати бидејќи ги практикуваа за време на нивните летни турнеи низ Азија и Америка.