Финалето на Суперкупот на Европа помеѓу Челси и Вилјареал ќе се игра во Белфаст на 11 август, соопштено е на сајтот на Европската фудбалска унија (УЕФА“.
Првично беше обајавено дека натпреварот ќе се пресели во Истанбул, како вид на компензација откако финалето на Лига шампиони е префрлено од турскиот град во Порто, поради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.
Но, до промена не дојде, па Суперкупот на Европа ќе се игра во Белфаст.
Деталите за продажбата на карти и колку навивачи ќе може да влезат на стадионот Виндзор Парк, на кој ќе се игра натпреварот за трофеј, ќе бидат дополнително соопштени.