Комарци коишто ја пренесуваат денга треската и други вируси развиле сѐ поголема отпорност на инсектицидите во делови од Азија, а новите начини за нивна контрола се очајно потребни, предупредува ново истражување дадено во декември на рецензија во научното списание Science Advances.
Здравствените власти обично за сузбивањето на комарците кои пренесуваат тешки зарази болести ја користат постапката на замаглување на подрачјата со облаци од инсектициди. Развивањето на отпорноста кај инсектот долго предизвикуваше загриженост кај стручњаците, но димензиите на проблемот досега не биле соодветно сфатени.
Јапонскиот научник Шинџи Касаи неговиот тим ги проучувале комарците од неколку земји во Азија, како и од африканска Гана, и откриле сека серија мутации ги направила некои отпорни на најчесто употребуваните хемикалии врз база на пиретроиди, како што е преметринот.
„Во Камбоџа повеќе од 90 отсто од комарците од семејството Aedes aegypti ја имаат комбинацијата на мутациите кои резултираат со исклучително високо ниво на отпорност“, рекол Каса и за AFP.
Открива дека некои соеви комарци имаат 1.000 пати поголема отпорност во споредба со 100 пати поголемата отпорност забележана во претходни истражувања.
Тоа значи дека нивоата на инсектициди кои инаку би убиле речиси 100 отсто комарци во примерокот убиле само 7 отсто од инсектите. Дури и доза 10 пати посилна убила само 30 отсто од таквите суперотпорни комарци.
„Нивото на отпорност коешто го откривме кај комарците во Камбоџа и во Виетнам целосно е поинакво“, вели Касаи кој е директорот на Одделот за медицинска ентомологија на јапонскиот Национален институт за заразни болести.
Денга болеста може да предизвика хеморагиска треска и заразува околу 100 до 400 милиони луѓе годишно во светот, иако повеќе од 80 отсто од случаите се благи или се асимптоматски, според Светската здравствена организација (СЗО – WHO).
Развиени се неколку вакцини против денга треската, а научниците, исто така, користеле бактерија која ги стерилизира комарците за да се справат со вирусот. Меѓутоа, ниедна опција сѐ уште не ниту блиску да ја искорени денгата, а комарците од сојот Aedes aegypti пренесуваат други болести, вклучително и зика и жолта треска.
Потребни се нови формули
Отпорноста, исто така, е откриена и кај друг сој комарци – Aedes albopictus, иако на пониско ниво, веројатно затоа што се хранат на отворено, често на животни, и можеби затоа е помалку изложен на инсектицидите отколку сојот Aedes aegypti кој повеќе се храни од луѓето.
Новоата на отпорност биле различни, па така комарците од Гана, како и од делови на Индонезија и Тајван, сѐ уште е релативно се чувствителни на сегашните хемикалии, особено кај поголемите дози.
Но истражувањето покажува дека „вообичаените стратегии можеби повеќе не се ефикасни“, вели Камерон Веб, вонреден професор и истражувач на комарците при институтот NSW Health Pathology и Универзитетот во Сиднеј.
„Има сѐ повеќе докази дека можеби нема место за сегашните формули на инсектицидите во контролата на популацијата на клучните штетници на комарците“, вели Веб за AFP.
Смета дека се потребни нови хемикалии, но властите и научниците, исто така, мора да смислат други начини на заштита на заедниците, вклучително и вакцини.
„Мораме да размислиме за ротирачки инсектициди… кои имаат различни насочени места. Проблем е што немаме толку различни видови коишто можеме да ги користиме“, додава Касаи.
Другите опции вклучуваат повеќе напори за отстранување на местата на коишто се размножуваат комарците.
Кога и каде се развиле мутациите за отпорност сѐ уште е мистерија, но Касаи сега го проширува истражувањето во други региони во Азија и ги испитуваат поновите примероци од Камбоџа и Виетнам за да види дали нешто се променило во однос на периодот на истражувањето од 2016 до 2019 година.
„Загрижени сме дека комарците со мутациите кои ги пронајдовме во ова истражување ќе се прошират на остатокот од светот во блиска иднина. Пред тоа мораме да смислиме решение“, заклучува Касаи.