„Супетрејд“ негира дека склучувала договор во „четири очи“

Супертрејд најостро го демантира написот на порталот Нетпрес
со наслов: „Супертрејд“ снабдува мазут за ЕЛЕМ во вредност од 14 милиони евра преку договори во четири очи?“ во кој се изнесени низа невистини, се наведува во реакцијата на компанијата во однос на споменатиот текст.

„Лага е дека Супертрејд договорите ги има склучено во ‘4 очи’, постапките беа законски, транспарентни и на истите учествуваа повеќе комании.

Бараме, порталот Нетпрес да се извини и да ја повлече таканаречената истражувачка сторија, и овој демант да го објави во целост на исто место и со исто време како текстот што изобилува со невистини.

Супертрејд ќе покрене судска постапка пред ОСС2, против Нетпрес за кажување невистини cо цел да ја оцрни, нашата компанија.“, се вели во реакцијата на компанијата