Сурфер почина по напад на ајкула на австралискиот источен брег

Во најверојатен напад на ајклула, кој се случил во вторникот утрото на плажа во австралиската источна сојузна држава Нов Јужен Велс, живото го загубил еден сурфер, објавија локалната полиција и спасувачките служби.

Полицијата наведува дека итните служби биле повикани на плажата Танкари, околу 300 километри северно од Сиднеј, околу 11,20 часот утрото по локално време и дека „пронашле човек кој претпрел критични повреди на горниот десен бут отккао бил нападнат во текот на сурфање“.

Мажот, за кој се проценува дека е на околу 50-годишна возраст, бил извлечен од водата, а припадниците на локалната полиција се обиделе да го реанимираат, но и покрај тоа човекот умрел на самото место, се наведува во полициското соопштение.

Полицијата наведе дека набрзо потоа ја затворила плажата Танкари, позната и како Плажата девет милји, и Главната плажа Фостер.

Се наведува, исто така, дека полицијата задно со соодветната служба ќе преземе активности за утврдување на животинскиот вид кој го извел овој напад.

„И покрај сите можни напори на припадниците од итната служба и очевидците кои се нашле на местото на настанот, човекот не можеше да биде спасен“, наведе итната служба на Нов Јужен Велс околу час по инциденот, наведувајќи дека нејзините припадници биле повикани на плажата одговарајќи на повик за напад на ајкула/.

Смртоносните напади на ајкули во австралиските крајбрежни води осумкратно се зголемиле во текот на 2020 година, што минатата година ја направи најсмртоносната забележана уште од 1934 година. Во текот на околу педесеттина година просечно се случуваше по еден смртоносен напад на ајкула годишни, а во 2019 година не бил пријавен ниеден таков напад.