Суспендиран романски арбитар зашто барал автограм од Халанд

Романскиот фудбалски арбитар Октавија Совре нема да суди овој викенд на натпреварите во домашното првенство, поради суспендирањето коешто му го изрече Романскиот фудбалски сојуз бидејќи по дуелот во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд побарал автограм од младиот норвешки напаѓач на германскиот претставник Ерлинг Халанд.

На снимката која била прегледувана се гледало како линискиот судија по завршувањето на натпреварот трча по Халанд кој му се потпишал на жолтиот и на црвениот картон.

Романскиот дневен спортски весник Gazeta Sporturilor наведува дека арбитарот Совре својата постапка ја правдал со тоа дека многупати тоа го правел и оти собрал повеќе од 250 автограми. Тие картони со потписи од фудбалерите потао ги донирал на аукции на кои се собираат средства за помош на аутистични лица.

Европската фудбалска асоцијација УЕФА спровела интерна истрага и испратила насоки до своите судиски тимови дека таквото однесување е „неприфатливо и недостоинствено“.