Суспензија за вработен на клиника кој пушел на работно место, најави Меџити

Пуши цигара и разговара на телефон зад шалтерот на Клиниката за уво, нос и грло каде пациенти со респираторни заболувања чекаат лекарски извештаи. Таа фотографија беше објавена од граѓанин на социјалните мрежи, по што, министерот за здравство Фатмир Меџити изјави: „Вработениот ќе биде најстрого казнет. Ќе биде суспендиран од местото на работа, ама прво ќе докажат менаџерите, ќе има дисциплинска комисија, ќе ги почитуваме сите мерки согласно Законот за здравствена заштита“, рече Меџити и побара граѓаните да пријавуваат вакви случаи, бидејќи како што се пишува по социјалните мрежи, во многу здравствени установи нема почитување на законот против пушењето.

-После Нова година ќе влеземе во секоја институција, не за да ги уплашиме, туку да укажеме на сите здравствени работници, да ги подобриме здравствените услуги и да се тргнат од лошите навики, да внимаваат и да ги почитуваат работните места, вели Меџити.