СУТ со потполна поддршка на генералниот штрајк на СОНК

Синдикатот за угостителство и туризам на Македонија – СУТ дава целосна и недвосмислена поддршка на генералниот штрајк на СОНК.

„Штрајкот е легитимно синдикално средство коешто секој синдикат има право да го искористи доколку има потреба за тоа. Нашите колеги од СОНК и нивното членство се крајно револтирани од немањето на слух од страна на државата, па оттаму имаат целосно право да го искористат ова средство за постигнување на целта кое е пропишано во Законот за работни односи. Им порачуваме на вработените во основно, средно образование и градинките да не подлегнуваат на притисоците и да бидат истрајни во остварувањето на нивните барања, за кои имаат наша потполна поддршка“, велт од СУТ.

Наставно–воспитниот кадар игра клучна улога за тоа какви луѓе ќе бидат нашите деца кога ќе пораснат, па поради тоа заслужуваат да им бидат почитувани правата од работен однос. Сегашната ситуација со порамнувањето на платите се повеќе предизвикува незадоволство кај нив, што никако не е добро за нашето општество.

Од СУТ апелираат до родителите да бидат трпеливи и солидарни со вработените коишто ќе штрајкуваат.

„Со тоа што Владата не ги исполнува барањата, за коишто е законски обврзана тоа да го направи, на работодавачите од приватниот сектор им дава повод и тие да ги прекршуваат работничките права“, се наведува во соопштението.