Суверенистите ја осудија неефикасноста на ЕУ и ја повикаа Европа на солидарност во кризата околу Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и полскиот премиер Матеуш Моравјецки и нивните суверенисти, како и нивните крајно десно ориентирани европски сојузници побараа во саботата во Мадрид од Европа да покаже солидарнот во кризата меѓу Русија и Украина.

„Солидарноста, решителноста и соработката, кога станува збор за одбраната, неопходни се меѓу европските народи кога се соочени со таквите закани“, се наведува во соопштението во коешто се осудува „неефикасноста на дипломатијата на Европската унија“.

„Европската заедница беше замислена како простор на слободна соработка меѓу суверени простори. Сепак, постои растечка закана што се обидува да ја претвори унијата во идеолошка мега-држава“, се вели во декларацијата, пренесува агенцијата Europa Press.

„Руските воени акции на источната граница на Европа нѐ доведоа до работ на војна“, се наведува во завршното соопштение објавено по состанкот на суверенистичките и крајно десно ориентирани европски партии коешто го прочита портпаролот на шпанската патија Вокс (Vox), Хорхе Буксаде.

Француската десна претседателска кандидатка Марин Лепен одби да ја потпише завршната заедничка изјава, истакнувајќи дека не постои иста став по прашањето на украинската криза.

Ситауцијата околу Украина беше една од главните теми на состанокот на кој присуствиваа унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговиот полски колега по должност Матеуш Моравјецки.

Додека официјален Париз разговара со Москва во настојувања да се смири ситуацијата а Берлин одбива да испорача и да дозволи испораки на оружје преку германска територија за Украина, Орбан и Морвјецки од своите сојузници меѓу суверенистите и крајно десните партии побараа формирање заеднички фронт.

„Ние, Унгарците и Полјаците се обидовме на нашите пријатели да им појасниме дека за нив, ако живеат во Мадрид, она што се случува на руско-украинската граница нема директни последици, но за нас кои живееме во централна Европа тоа е многу важно прашање. Оттаму ги повикуваме сите да се заложат за мир и попуштање“ на тензиите, изјави Орбам.

Сличен собир беше одржан во декември и во Варшава. Тогаш учесниците изразија надежи дека на крајот ќе успеат да формираат заедничка пратеничка група во Европскиот парламент.

https://www.europapress.es/nacional/noticia-abascal-orban-le-pen-morawiecki-socios-acusan-rusia-situar-europa-borde-guerra-20220129151151.html?jwsource=cl