Пејачката Сузан Бојл, иако има милиони долари на сметка се пријавила кај еден сметководител во Блекбурн и се распрашувала за работа на шалтер. Платата е шест фунти на саат, што се смета за минималец во Британија.
„Се јави и кажа дека го видела огласот на излог. Бевме запрепастени, но кажа дека сака нормална работа преку која ќе биде во контакт со локалната заедница,“ изјави сметководителот на компанијата „Ледброкс“.
Тој не откри дали Бојл ја добила работата, туку и рекол како и на останатите дека мора да пополни формулар за пријавување.