Сузан Сарандон е во врска со 30 години помладо момче

Холивудската актерка Сузан Сарандон конечно отворено признала дека е во врска со 30 години помладиот Џонатан Бриклин.

По 20 години долгиот брак, контроверзната актерка  го напушти сопругот и одлучи во седмата деценија на животот да го промени својот живот од корен. Таа отворила клуб за пинг-понг заедно со 37-годиниот Џонатан и набргу станале и емотивни партнери.

Актерката не им обрнува внимание на острите коментари бидејќи и е важно да ужива во животот и да го искористи секој момент.

– Само душата треба да се гледа. Кога сакаш некого сите разлики се бришат. Не се важни ниту годините ниту полот ниту кожата – изјавила Сарандон.

Сузан во текот на својот турбулентен живот има прекршено многу табуа, а ниту во својата седма деценија не го изгубила бунтовничкиот дух.

susan susan1