Швајцарски фармер изнуди референдум за кравјите рогови

Дали е свирепо да им се острануваат роговите на кравите до неодамна не беше едно од поважните политички прашања во Швајцарија, но откако сточарот Армин Капаул, инспириран од „разговорите“ со своите крави, успеа да изнуди национален референдум за ова прашање, по капањата која ја започнал без пари и политичка поддршка, стана медиумска ѕвезда.

Тој, пак, инсистира дека ова не е приказна за него. „Кравите се важни, а не јас“ вели во прилот на агенцијата AFP, Капуал, фармер во седумдесеттите години од животот кој живее во селото Перефите, во срцето на планинскиот масив Јура. Тој им се заблагодарува на кравите за идејата и за упорноста којашто на крајот ќе резултира со референдумот којшто ќе се одржи во недела.

„Секогаш на шега разговарав со своите крави. Ме прашаа дали можам да сторам нешто за нив, дали можам да им помогнам да ги задржат роговите… Вака или онака, нешто мораше да се стори. Па доколку здруженијата за заштита на животните не сакаа да преземат нешто, јас преземав“, вели швајцарскиот фармер.

 

Кравата како национално животно

На референдумот во недела се бара уставен амандман со кој сточарите би добивале некави поттикнувања или субвенции да не ги отстрануваат роговите на кравите. Референдумот е дел од прочуениот швајцарски систем за директна демократија, но на многу начини е поинаков од иницијативите за кои последните години се гласаше. Предлозите вообичаено имаат поддршка од етаблираните политички партии коишто ја употребуваат партиската инфраструктура за собирањето на 100.000 потписи неопходни да се распише референдум. Во кампањите притоа се користат и лобистичките групи.

Меѓутоа, тоа не е начинот на Капаул. Во 2010 година му испртатил писмо на министерството за земјоделство и барал кравјите роговори да се стават во делот од законот за благосостојбата на животните. „Ми се смееја“, раскажува фармерот за тој период. Потоа започнал да им пишува на пратениците во горниот и во долниот дом од парламентот, но и од тоа немало никава полза.

Кога ваквата стратегија не му успеала, започнал народна иницијатива и во пропишаните 18 месеци собрал 119.626 потписи. На крајот ја добил и поддршката од групите за заштита на животните. „Да знаеше жена ми во што ова ќе се претвори, немаше да ме поддржи“, се шегува Капаул мислејќи на својата новостекната популарност.

Освен прашањето на свирепоста кон животните, во јавноста по овој повод се разви и дискусија за сточарството. Некои, имено, тврдат дека кастрењето на роговите е клучно за економскиот успех, бидејќи на одлгедувачите им овозможува на помал простор да држат повеќе крави со помалку опасности од повреди. Капаул и оние коишто го поддржуваат сметаат, пак, дека зачувувањето на роговите е исправна работа и за животните и за државата, коа со фотографии на рогатите животни се користи при промоцијата не речиси сите национални производи, од чоколадата до својот планинските пејзажи.

„Роговите се дел од кравата. Во нив има многу крв, многу повеќе отколку во опашките на кучињата, а тие не смеат да се сечат. Во Швајцарија се’ уште има 10 отсто крави со рогови и нив сакам да ги спасам. Крвата, во некоја рака, е национално животно. Нејзините фотографии се насекаде“, вели Капаул.

 

Мртва трка

Швајцарската влада се спротиставува на давањето субвенции на сточарите за да не ги сечат роговите на кравите.

„Нема студија којашто би покажала дека на кравите или козите без рогови им се нанесува траума“, соопшти владата којашто смета дека на сточарите мора да им остане слободата на животните да им се кастрат роговите од „претприемнички“ причини.

Швајцарската заедница на земјоделците остана неутрална. Анкетите спроведени минатиот месец покажаа дека на референдумот во недела резултатот ќе биде тесен и невозможно е да се предвиди. За да успее иницијативата на Капаул, потребно е и мнозинство на национално ниво и во повеќе од половината од 26-те швајцарски кантони.