Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ ќе трае до 2018 година, до кога Германецот ќе добие 18 милиони евра. Но, челниците на клубот не посакуваат да го задржат до тогаш, па му понудија 11 милиони за веднаш да си замине.
Швајнштајгер по се изгледа не размислува да си замине од Манчестер, каде добива солидни 9 милиони по сезона и планира да си го одработи договорот до самиот крај.