![plaza](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/plaza.jpg?resize=275%2C183&ssl=1)
Градската Плажа „Парк“, која се наоѓа на кејот на Вардар во делот кај Градскиот парк, од среда ќе почне да работи со сосема нов концепт и изменет изглед.
„Долго време се работеше на плажата, на нејзината конструкција, но и на начинот на кој ќе функционира ова летно катче каде што скопјани ќе можат секојдневно да уживаат во спортско-рекреативни активности како и во различна музичка програм“, велат од тимот кој стои зад Градска Плажа „Парк“, пишува МИА.
Свеченото отварање е во среда во 20 часот, влезот е бесплатен.
Од менаџерскиот тим на плажата посочуваат дека е планирано еднаш месечно да се одржува по еден поголем настан со познати музички имиња од странство, а од понеделник до недела секојдневно се планирани различни тематски забави.