Свечено отворање на реконструираниот и модернизиран граничен премин Блаце

На граничниот премин Блаце – патнички дел свечено ќе биде пуштен во употреба реконструираниот и модернизиран граничен премин, информираат од Царинската управа на Македонија.

За време на настанот свое обраќање ќе има министерот за финансии, Зоран Ставревски, директорката на Светска банка, Татјана Проскурјакова, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и директорот на Царинска управа, Ванчо Каргов.

Свеченото отварање ќе се одржи на граничниот премин,, Блаце” со почеток од 12 часот.