![arm](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/arm1.jpg?resize=500%2C264&ssl=1)
Во кругот на Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана, денеска ќе се одржи свеченост за одбележување на Денот на Армијата на Република Македонија- 18 август.
На свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување, врачување на плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на Министерството за одбрана и ГШ.
Пред присутните ќе се обрати началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, а ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменикот-министерот за одбрана Арбен Лабеништа, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, раководителите во МО, началниците на организациските единици во ГШ на АРМ.