
Денеска во Кривичниот суд во Скопје сведочат заштитените сведоци за немилите настани од мај минатата година во кумановската населба Диво Насеље каде беа убиени 8 припадници на МВР, а 14 беа тешко повредени.
Бидејќи станува збор за заштитени сведоци, денешното рочиште е затворено за јавноста. До крајот на август останатите рочишта од овој предмет ќе бидат затворени за јавноста бидејќи треба да сведочат околу 40 заштитени сведоци.