На денешното рочиште за случајот „Жан Митрев“, сведоците на обвинителството повторно дадоа искази целосно во корист на одбраната на д-р Жан Митрев. Сведокот на обвинителството кој што го развивал софтверот на Клиниката „Жан Митрев“ потврди дека станува збор за врвна дигитализација на највисоко ниво, најдобра во регионот и пошироко. Измени на податоци се речиси невозможни и самиот софтвер ги собира и ги генерира сите податоци.
Вториот сведок, единствен увозник на машините и филтрите за хемофилтрација во Македонија потврди дека во време на пандемијата производителот Baxter не можел да постигне да произведе филтри колку што била побарувачката и поради употреба на филтрите за хемофилтрацијата за ковид-19 ширум светот и заради последиците од ковид кај нефролошките пациенти. Во Македонија машините и филтрите за хемофилтрација, нагласи, дека се одобрени од надлежните органи од 2008 и 2009 година. Оxiris филтерот кој што е употребуван за хемофилтрација е одобрен од надлежните органи во Македонија уште во 2013 година, а пак во времето на пандемијата 2020 година е одобрен за увоз и регистриран како медицинско средство за хемофилтрација и при Ковид 19.
Лекарите од „Жан Митрев“ како експерти за хемофилтрација биле ангажирани од производителот Baxter во времето на ковид да ги обучуваат другите лекари од Македонија, Косово и Албанија. Со ваквото сведочење и овие два сведока на обвинителството како и сите досегашни без исклучок целосно го урнаа обвинението и зачудувачки е натамошното останување на обвинението против д-р Жан Митрев и против Клиниката „Жан Митрев“.
Повеќе правни експерти потврдуваат дека во системи во кои владее правото обвинението одамна требаше да биде повлечено. Но во македонското правосудство продолжува процес дури и со притисок врз судот како што денеска беше изјавено дека обвинителството има интерес судот брзо да го затвори предметот, па затоа обвинителката се откажала од свои три сведоци.
На денешното судење се случи и помалку комична сцена кога обвинителката запрашана од судот што е со точката 13 од нејзината листа на докази, изјави дека таа е после точката 12, па и покрај тоа што е напишана на Листата на докази нема да ги презентира, но нема ни да ги повлече тие докази. Чудната ситуација беше решена од судот така што одлуката што ќе се прави со точката 13 од Листата на докази на обвинителството ја одложи за следното рочиште.
Сведоците на јавното обвинителство и натаму во корист на одбраната на Жан Митрев
Хемофилтрацијата во Македонија е одобрена почнувајќи од 2008 година, а како медицинско помагало за Ковид-19 од 2020 година. Лекарите од Клиниката „Жан Митрев“ како експерти за хемофилтрација обучувале доктори од регионот. Клиниката „Жан Митрев“ е дигитализирана на највисоко ниво во регионот и пошироко.