Од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација, објави СВЕДОК .
„Доказите исчезнале во периодот кога обвинителството беше обезглавено и со него раководеше обвинителот Трајче Пеливанов, кој според Советот на јавни обвинители, беше поставен на функцијата само да прима пошта и да потпишува плати“.
СВЕДОК од извори во ЈОРМ и во Европската организација дознава дека скандалот бил откриен деновиве кога бил побаран одговор од европската организација дали биле разгледани доказите и што се случува со нив.
„Наши извори од двете организации објаснуваат дека европски претставници во текот на август лично ги доставиле доказите до ОЈО ГОКК, за тоа добиле потпис за примени материјали, но не се сигурни дали тоа било ден пред суспендирањето или ден по суспендирањето на обвинителката Вилма Рускоска. Но, сигурни се дека доказите не биле доставени до предметниот обвинител, кој во тој период бил на годишен одмор“, пишува Сведок.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.