Шведска го укинува плаќањето во готово, дали Србија и Македонија ќе го следат овој тренд?

Како што вели тој, се планира плаќањата во готово во скандинавските земји да исчезнат до 2020. Според него, тоа е реално ако се земе во предвид технолошко – информациската инфраструктура и компјутерската писменост.

Живановиќ нагласува дека САД се прилично скептични за идејата за укинување на готовината. Голем број информации протекоа од САД и тоа мошне доверливи информации, да се присетиме само на аферата Сноуден. Затоа банките се прашуваат дали банките ќе успеат во целост да ги заштитат нивните пари кога тоа не му успеа ниту на Пентагон со државните тајни.

Како што вели тој, што се однесува до неразвиениот дел на светот, тука готовината ќе царува уште некое време. Сиромаштијата и електронската неписменост од една страна и непостоењето на технолошко – информациски структури од друга страна уште некое време ќе ги остават паричниците во употреба. Сепак, според него, тоа не е непремостлив проблем и тука електронските плаќања ќе се развиваат, но тој процес ќе потрае.

Како е во Македонија?

Бројот на корисници на електронско банкарство во Македонија расте со двоцифрена стапка годишно. Сепак, најголем дел од македонските граѓани и компании што ја користат оваа услуга, тоа го прават само за следење на промените на состојбата на нивните сметки преку интернет.

banka

Мал дел од граѓаните ги користат услугите на електронското банкарство, за плаќање на режиските трошоци за вода, струја, парно и телевизија. Најголем дел од корпоративните клиенти електронското банкарство го користат за извршување на плаќањата во домашниот и во меѓународниот платен промет. Повозрасните и понатаму претпочитаат да чекаат редици на шалтерите во банка.

Банките нудат се повеќе услуги кои граѓаните и компаниите можат да ги завршат преку својот компјутер. Им овозможуваат на корисниците пристап до сметките и плаќања во било кое време, независно од нивното работно време, а од друга страна зголемената употреба на паметните мобилни телефони ги натера банките да почнат да размислуваат во правец на нудење услуги за мобилно банкарство. Овој тип банкарство се повеќе се употребува, а на корисниците им овозможува олеснет пристап до банкарските услуги во секое време.

Дали ваквиот развој на технолошко – информациските структури во некоја догледна иднина би можело да значи и конечно исфрлање на готовината од употреба, останува допрва да видиме.