Шведска се откажува од истрагата против Асанж

Шведското обвинителство денес официјално ќе објави дека се откажува од истрагата за сексуално злоставување против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, поради застареност.

Асанж три години живее во амбасадата на Еквадор во Лондон, бидејќи инаку би бил уапсен по налог на Шведска, а во тој случај веројатно би бил предаден на Американците, каде го бараат поради објавување на тајни податоци.

Како што пренесува BBC, на обвинителите денес им истекува рокот за неговото испрашување во врска со силувањето, додека рокот за другите наводи за сексуално злоставување истекува на 18. август.

Овој австралиски новинар и активист ги негирал сите обвиненија, наведувајќи дека се дел од валкана кампања, а од 2012. година се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што побарал азил кога Шведска побарала негова екстрадиција.

Во склад со шведскиот закон, обвинение против него не може да биде покренато, без претходно испрашување. Асанж навел дека побегнал во еквадорската амбасада бидејќи се плаши дека Шведска ќе го предаде на САД, поради објавување на тајни американски документи.

Асанж и нуди помош на Германија за американското прислушување

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж им нуди помош на германските власти во истрагата за наводното шпионирање на канцеларката Ангела Меркел, министри и други високи функционери од страна на американската Агенција за национална безбедност (НСА), јави дописникот на МИА од Берлин.

Германските медиуми пренесуваат дека Асанж, кој последните три години живее во Амбасадата на Еквадор во Лондон поради опасност да биде екстрадиран на Шведска каде е обвинет за наводно силување, е подготвен да се сретне со членовите на гермаснкиот парламент кои што го истражуваат случајот.

Доколку пратениците имаат потреба од сведок јас би бил среќен да ги примам овде и да одговорам на нивните прашања, изјавил Асанж во интерју за „Шпигел“.

Според тајните документи што ги објави Викиликс пред дваесетина дена, НСА со децении прислушувала 56 телефонски броеви на институции и високи германски претставници уште од времето на премиерите Хелмут Кол и Герхард Шредер се до ерата на Меркел.

Асанж тврди дека има документи што потврдуваат дека НСА ги прислушувала канцеларката Меркел и министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.

 

 

Претходно Франција на Асанж му даде негативен одговор на барањето за азил.