Свештеник дваесет пати избоден со нож во црква во Ница

Непознат маж во утринава околу 10 часот влегол во црквата Сен Пјер Д’Арен во Ница и со нож дваесетина пати го избодел отец Кристофер, јавува Ројтерс. Во црквата присутни биле 10 луѓе, а повредена е и една калуѓерка. Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, рече дека напаѓачот бил ментално нестабилен, немал криминално досие и дека е познато дека купил нож неколку дена претходно.

Отецот и калуѓерската се пренесени во болница, а напаѓачот е уапсен. Како што беше соопштено, се работи за маж (31). Полицијата засега овој инцидент не го смета за терористички чин.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин на својот Твитер објави дека животот на свештеникот не е во опасност.