Стотици Шпанци денеска ги однесоа своите миленици во црква, каде католичките свештеници ги благословија на Денот на Свети Антониј, заштитникот на животните.
Неколку кучиња лаеја за време на богослужбата, но повеќето од животните трпеливо чекаа да бидат благословени со света вода на скалите на барокната црква Свети Антониј во Мадрид.
Свештеникот Ангел Гарсија потоа служеше миса пред десетици домашни миленици, додека некои кучиња лаеја од клупите, пренесува Ројтерс.
Карлос Кабестани (51) го донел својот пес Рита да го добие благословот.
„Тоа е традиција во Мадрид и сакаме да ја одржуваме во живот“, рече тој.
Оваа прослава, која се слави во Мадрид и други делови на Шпанија, датира од 19 век.
Свети Антониј, кој е роден во Лисабон, Португалија во 1195 година, често бил прикажуван како разговара со животни.
Според легендата, овој светец е првенствено заштитник на свињите кои често го придружуваат на древните слики, бидејќи тие ја претставуваат неговата победа над гревот, пренесува Танјуг.