Свештеникот Стојчев вели правдата е задоволена, продолжува да живее нормален живот

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски – Боки 13, кој е во затвор за Рекет, e осуден на казна затвор од шест месеци за нападот врз свештеникот Виктор Стојчев.

По рочиштето денеска свештеникот Виктор Стојчев кој беше истепан од таткото на Бојан Јовановски изјави дека е задоволен.

– „Правдата е задоволена. Сторителот ќе биде соодветно казнет. Мило ми е што заедно со моите најблиски ќе продолжиме со нормален живот, после сите стресови и закани“, истакна Стојчев, пренесе Фокус.

Инаку, таткото на Боки13 беше обвинет за тоа дека на 7 јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата.

На минатото рочиште призна и вина.