Свесна манипулација или дебакл на „Рејтинг“

Во првиот круг на петте по ред претседателски избори, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Ѓорѓе Иванов, освои најголема доверба од граѓаните. Разликата помеѓу него и неговиот најголем политички опонент, Стево Пендаровски од СДСМ, според официјалните информации од Државната изборна комисија е 122.235 гласови.

Овој резултат, како никогаш досега ја „тресна од земја“ веродостојноста на анализата на агенцијата „Рејтинг“, направена само една недела пред изборот.

Според тврдењата на „Рејтинг“, нивната анкета базирана на 1.560 испитаници, високи 92 отсто од албанскиот електорат смета дека на земјава и’ се потребни големи промени и дека својот глас ќе го дадт за Пендаровски. Оттаму упатија дури и цврсто убедување дека опозицискиот кандидат е  во благо водство пред Иванов, што не имплицира само на евентуално лоша проценка и методологија на анкетирање, туку по оваа голема „утка“, може слободно да се каже дека  кредибилитетот на агенцијата е драстично намален, па дури  и ставен под знак прашање. Бидејќи, благо водство и пораз од повеќе од 122.000 гласови  не може никако  да се сведе на „мало отстапување од точниот резултат“, што е предвидено од спроведувачот на анкетата.

rejtingslika

Дали станува збор за свесна манипулација со граѓаните на земјава, или дебакл од невидени размери за кој неминовно е потребно објаснување од агенцијата, чија агенда во јавноста се маркира во својство на „политичка употреба“  на левицата и на некои опозициски медиуми.

„Рејтинг“ вчера излезе со анализа во која кажуваше дека до 13 часот излезноста на претседателските избори била поголема во споредба со претходните во 2009 година, но поради слабата излезност во албанските општини, просекот покажувал дека излезноста е иста.

За разлика од вчерашните реални проценки на „Рејтинг“, агенцијата пред неполна недела излезе со анкета, имплицирајки на тоа дека Пендаровски може да смета на албанските гласови, кога тврдеше дека од 1560 испитаници дури 92 осто од анкетираните Aлбанци сметаат дека на Македонија и се потребни значајни промени.

„Рејтинг“ во истата анкета укажуваше и на тоа дека Пендаровски бил дури и во благо водство пред Иванов, но вчера „Рејтинг“ си поплука на кажаното, излезе со тврдење дека излезноста била голема, но на сите им се чинело дека е низок одзивот  бидејки Албанците не излегувале на гласање, истите оние за кои „Рејтинг“ тврдеше дека наводно 92 проценти барале промени.

За разлика од „Рејтинг“, телефонската анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“, покажува најрелевантни резултати за исходот од првиот круг на претседателските изботри. Победата на Иванов беше предвидена со речиси двојна предност пред Пендаровски. Според  „Димитрија Чуповски“, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг би гласале 30,2 отсто од испитаниците, а за Пендаровски 16,1 отсто.

Политичка анализа околу изборниот процес направи и Институтот Павел Шатев, во периодот помеѓу 16 и 19 февруари годинава. Во заклучокот е нотирано дека на ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните се’ уште  остава поголема доверба за разлика од СДСМ чие раководсто кај електорат не го минува критериумот за „способност и квалитет“.

gorge

Во однос на анкетата на „Павел Шатев“ спроведена за претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ би освоила 32,4 отсто од гласовите на локалните избори, СДСМ 15,1, ДУИ 8,3, а ДПА 3,1 отсто.