Малтешкиот свештеник Гван Султан во селото Зебугу на островот Гоцо, Малта, предизвика скандал, кога стоејќи во автомобилот порше со спуштен кров ја поздравуваше толпата.
За тоа време околу педесетина ученици го влечат автомобилот со јаже.
Жал ми е, но тоа за мене едноставно не е проблем, вели Султан.
Malta: when the church embraces kleptocratic culture. Parish priest standing in a convertible Porsche Boxster S being pulled through his village by children. Source and video: https://t.co/PRBaxz17HN pic.twitter.com/xjwkL74xr3
— Matthew Caruana Galizia (@mcaruanagalizia) November 12, 2018
Малтешката европратеничка Марлен Мици е меѓу оние кои реагираа.
Олицетворение на невкус и груба фалба. Одвратно! Па што им е на нив?“, запраша Мици.
Од малтешката црква случајот официјално не го коментираа.