Светлана Коркина: Руските војници повторно ја ослободуваат Европа од фашизмот

Поранешната руска гимнастичарка Светлана Коркина, освојувачка на два златни олимписки медали, го коментираше нападот на Русија врз Украина.

Сопственичката на пет олимписки медали и 40 медали од светските и европските првенства повторно привлече внимание минатата година, кога изјави дека „коробата е божја казна за бојкотот на руските олимписки спортисти“. Таа деновиве како полковник на руската армија ја коментира агресијата врз Украина.

– Поддржете ги нашите борци, руските војници повторно ја ослободуваат Европа од фашизмот – порача таа преку своите социјални мрежи.

Четири години Коркина беше пратеник на партијата на Путин Обединета Русија во Думата.