Многу светлина, удобен мебел и простор за премногу детали е се’ што е потребно за дом во кој што ќе бидете среќни.
Речиси 90 отсто од испитаниците во американска интернет анкета изјавиле дека на нивното расположение и чувство на среќа во најголема мера зависи од уредувањето на нивниот дом. Две работи кои најмногу влијаат на доброто расположение се големи прозорци и удобен мебел. За да се чувствуваат удобно и среќно, мажите исто така на врвот на листата го ставаат и телевизорот со голем екран, а на жените им е важно домот да биде чист и уреден, но и гласовите на домашните и пријатни мириси кои се шират од кујната.
Сте се прашале ли и вие како вашиот дом влијае на вас?
Чувствувате ли дека вашиот дом е оаза на мирот во која можете да се опуштите по напорниот ден или доаѓањето дома ви е дополнителен стрес? Според древната кинеска фенг шуим, начинот на кој е изграден, уреден и декориран животниот простор влијае на расположението, здравјето дури и на заработката. Без оглед на што се мисли со тоа, секој ќе се сложи дека многу поудобно се чувствува во убаво наместен и уреден простор.
Натрупаните работи привлекуваат внимание и постојано потсетуваат дека е време за средување. Размислувате економично и не го оптоварувајте просторот со разни парчиња мебел и онака не ви се потребни.
Мириси
Повремено приредете си во домот опуштувачки „велнес“ „зачинет“ со мириси од омилените етерични масла.
Убави спомени
Во дневната соба пронајдете место за омилените сувенири кои будат спомени.
Светли бои
Белото симболизира чисто – со тоа многумина се одлучуваат за уредување на домот во кое ќе доминира белиот мебел или светли, пастелни бои кои делуваат релаксирачки. Со бела позадина одлично прилегаат и весели детали.
Удобна кујна
Омиленото место во кујната за голем број луѓе се дневната соба и кујната. Но, една од најомразените обврски се миењето садови. Доброто решение е машина за миење садови во која секогаш набрзина може да се стават валканите чинии.
Повеќе цвеќе
Поглед на прекрасно цвеќе на балконот често е доволен да ви измами насмевка на лицето.