Светот „произведува“ над 2 милијарди тони цврст отпад, САД на прво место

CANTERBURY, UNITED KINGDOM - AUGUST 23: A bull dozer moves rubbish at the Shelford Landfill, Recycling & Composting Centre on August 23, 2007 near Canterbury, England. The Shelford landfill site, run by Viridor Waste Management receives 200 truck loads of waste weighing 2100 metric tonnes a day. (Photo by Peter Macdiarmid/Getty Images)

Човечкиот род годишно на светско ниво создава над две милијарди тони отпад кој волуменски може да наполни 800.000 олимписки базени. Најмногу ѓубре по глава на жител произведуваат Американците, поточно трипати повеќе од останатите. Најчесто во ѓубре се фрлаат пластика и храна, а кога станува збор за рециклирањето, САД заостануваат зад другите земји бидејќи повторно успеваат да искористат само 35 отсто од цврстиот отпад, пишува Би-би-си.

Најефикасни во повторното користење на цврстиот отпад се Германците кои рециклираат околу 68 отсто од материјалите. Студијата ја направи компанијата Вериск мејплкрофт, специјализирана за пресметка на глобалниот ризик. Нејзините вработени развиле два нови индекси кога станува збор за отпадот – неговото трупање и рециклирањето.

Во истражувањето користеле јавно достапни податоци и академски истражувања за да се создаде слика за тоа на кој начин државите се носат со растечкиот проблем со загадувањето, чија причина главно е пластиката. Индексот на трупање на цврстиот комунален отпад по глава на жител упатува на тоа дека најчесто станува збор за пластика, храна и опасни материјали.

Комуналниот отпад од станбените единици, институциите и продавниците го собираат локалните служби. И додека светот годишно „произведува“ околу 2,1 милијарда тони цврст комунален отпад, само 16 отсто од тоа се рециклира, а 46 отсто се одлага на неодржлив начин. Податоците на анализата упатуваат дека Кина и Индија, кои сочинуваат над 36 отсто од светската популација, произведуваат околу 27 отсто од отпадот.

Во Америка по глава на жител се произведуваат просечно 773 килограми ѓубре, што е три пати повеќе отколку во Кина или Етиопија. Истовремено податоците укажуваат дека Америка е единствената развиена земја која „произведува“ толку многу ѓубре а не успева да го рециклира. На листата се и Холандија, Швајцарија, Франција и Германија. Британија е 14 на листата и годишно генерира 482 килограми отпад од секое домаќинство.

Најал Смит, еден од авторите на Студијата тврди дека во Америка не постои рамнотежа кога станува збор за количеството натрупан и рециклиран отпад. „Рециклирањето слабо функционира во однос на високите примања на граѓаните“, вели Смит и додава дека во Америка рециклирањето е прашање на односот на политичката волја и инфраструктурата. „По повеќе спроведени истражувања можеме да заклучиме дека инфраструктурата во Америка не пружа доволно можности за рециклирање“, смета Вил Николс, од Верикс мајплкрофт. „Големо количество од американскиот отпад кој повеќе не може да се однесе во Кина се пали бидејќи нема друг начин да се реши тој проблем“.

Светската динамика ја менува токму забраната за извоз на отпадот во Кина, Виетнам, Малезија и Тајланд. На пример, филипинската влада ѝ врати 69 контејнери на Канада затоа што азиските земји повеќе не сакаат да бидат депонии на Западот.