Светот станал полиберален, но и попесимистичен

Светот во просек станал полиберален во периодот омеѓу 2014 и 2023 година, иако станал и попесимистички, според студијата објавена во петокот, која опфати бројни истражувања во 20 земји кои претставуваат речиси 60 отсто глобалната популација.

Студијата на меѓународната истражувачка агенција Glocalities, исто така, покажа пораст на безнадежноста и разочарувањето од традиционалната политика, особено кај младите мажи во САД, единствената група од американската популација која станала поконзервативна во изминатата деценија.

Студијата понудува контекст за претседателските избори во САД во ноември и мноштво избори што треба да се одржат низ целиот свет, вклучувајќи ги и парламентарните избори на Европската унија во јуни.

Како дел од студијата, испитаниците биле анкетирани за да се утврди нивната позиција на скалата на оптимизам меѓу „надеж“ и „безнадежност“, а на другата меѓу „контрола“ и „слобода“ – со други зборови, меѓу конзервативизмот и либерализмот.

Во просек, светот станал полиберален меѓу 2014 и 2023 година, иако станал попесимистичен, според повеќе истражувања во 20 земји кои претставуваат речиси 60 отсто од глобалното население.

Младите луѓе ширум светот се чувствуваат особено разочарани од општеството, заклучува Мартиjн Ламперт, раководител на истражување во Glocalities, додавајќи дека „напливот на безнадежност кај младите возрасни лица во САД далеку го надминува порастот на безнадежноста кај младите возрасни луѓе во земјите на ЕУ“.

Највпечатливо е тоа што младите американски мажи се единствената популациска група во САД и седум земји-членки на ЕУ што всушност станала поконзервативна од 2014 година – или, според условите на истражувањето, фаворизира повеќе „контрола“ отколку „слобода“.

Вкупно 14.526 Американци биле анкетирани меѓу 2014 и 2023 година, вклучувајќи 2.242 мажи на возраст меѓу 18 и 34 години.

Низ светот, „чувствата на безнадежност, разочарување од општеството и бунтот против космополитските вредности делумно го објаснуваат подемот на радикалните десничарски анти-естаблишмент партии“, вели Ламперт, наведувајќи ги изборите во неколку европски земји.

Алгоритмите на социјалните мрежи го зајакнале тој тренд, привлекувајќи „умерено конзервативни млади мажи кон поекстремни и радикални конзервативни машки модели и погледи на светот“, додава Ламперт.

Младите жени „најлибералната група во историјата“

Извештајот, исто така, покажува остра разлика меѓу младите мажи и млади жени во светот.

И двете групи се загрижени за изгледите за нивните кариери, финансиската сигурност и образованието, но додека мажите на возраст од 18-24 години ги надминаа мажите на возраст од 55-70 години како социјално најконзервативна група, жените на возраст од 18-24 години станаа полиберални и поантипатријархални.

„Глобално, младите жени веројатно се најлибералната група во човечката историја“, се истакнува во извештајот.

Младите жени се загрижени за сите социјални прашања како што се сексуалното вознемирување, семејното насилство, злоупотребата и запоставувањето на децата.

Младите мажи се повеќе фокусирани на постигнување социјален и економски статус и се држат до конзервативните семејни вредности и конкурентноста, храброста и честа.

Ако извештајот нуди трошка оптимизам, тоа е за мажите и жените во светот над 55 години – единствената група којашто во текот на деценијата генерално станала со повеќе надежи, како и полиберална.

За да ги проценат општествените вредности, Glocalities ги проценувале нивните ставови за патријархатот, флексибилноста на родовата улога, истополовите бракови и заедничкиот живот пред бракот.

Мерењето на расположението вило фокусирано на идните перспективи и чувства за тоа дали општеството нè изневери.

Истражувањето беше спроведено во Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Мексико, Холандија, Полска, Русија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Шпанија, Турција, Велика Британија и САД.