Светот знае кој најмногу се меша во туѓите избори

Министерството за надворешни работи на Кина објави денеска  дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на другите земји, откако американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Кина дека се обидува да се вмеша во изборите за американскиот Конгрес во ноември, објави Ројтерс.

На меѓународната заедница и е јасно која држава најмногу се меша во работите на другите земји, изјави портпаролот на кинеското министерство, Генг Јуан, на редовниот брифинг за новинарите.

Тој, исто така, ги повика САД да престанат да вршат работи кои им штетат на односите со Кина.
Трамп вчера по состанокот на Советот за безбедност на ОН изјави дека Пекинг се меша во изборите, бидејќи  не сака Републиканската партија да постигне добар резултат , имајќи го предвид ратоборен став на оваа партија во однос на трговијата.