Светска банка примила рекорден износ од 52 милијарди долари за помош на најсиромашните земји во светот.
Собранатиот износ, кој го обезбедиле 46 развиени земји, ќе го преземе Меѓународното здружение за развој (ИДА), огранок на Светската банка, задолжено за кредитирање на најнеразвиените земји, а средствата ќе бидат искористени во период од три години, почнувајќи од јуни следната година.
„Земјите се согласија да ги зголемат средствата за борба против најтешките прашања во земјите кои што се погодени од најразлични судири, како и да им помогнат на тие земји да се вратат на патот кон стабилноста“, се наведува во соопштението на СБ.
Со помош на тие средства, ИДА посебно ќе се фокусира на мобилизација на приватниот сектор, прашања поврзани со климатските промени, како и проекти за еднаквост на половите.