![dejvid malpas](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/dejvid-malpas.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, во четвртокот го претстави планот за учество на приватниот сектор во финансирањето проекти во економиите во настанување и во развој, бидејќи банката ги проценува нивните годишни потреби за финансирање на 2,4 трилиони американски долари.
„Овие огромни годишни потреби од пари би можеле да ги решат ефектите од климатските промени, војните и пандемиите, а приватниот капитал е ‘клучен’ за задоволување на тие потреби“, рече Малпас кој во февруари најави оставка на позицијата челник на Светската банка, а се очекува до почетокот на мај да биде избран новиот претседател на Банката.
Според него, програмата за финансирање се заснова на три столба, од кои првиот има цел да помогне за подобар проток на капиталот преку обезбедување макростабилност и транспарентност, притоа градејќи банки на податоци кои го поддржуваат одлучувањето.
„Производот на таа анализа ќе се фокусира на активностите што треба да ги преземат земјите за да постигнат здрава инвестициска клима, конкурентен пазар и урамнотежена улога на државата во економијата“, рече Малпас на настанот во Вашингтон организиран од Центарот за стратегиски и меѓународни студии.
Планот се однесува и на прашањата за ликвидноста и се фокусира на можностите за државните претпријатија да привлечат приватен капитал. Во крајна линија, таа има цел да создаде пазар на хартии од вредност за инвестициското одделение кој би привлекол институционални инвеститори.
„Нашиот стремеж е да видиме создавање огромна, динамична класа сопственост, од којашто така собраниот капитал може да се инвестира во инфраструктурата во земјите во развој и која може да ги премине границите и различните сектори за диверзификација на ризикот и пониските трошоци на финансирањата. Иницијативата ќе промовира одржлив развој кој е инклузивен и еколошки, го намалува јаглеродот, го подобрува пристапот до енергијата, ја намалува сиромаштијата и ја постигнува потребната брзина за глобалната дигитализација“, рече Малпас.