Светска банка ќе им помогне на најсиромашните земји по пандемијата

Претседателот на Светска банка, Дејвид Мелпес очекува дека пандемијата на новиот коронавирус ќе предизвика голема, глобална рецесија, која најтешко ќе ги погоди најсиромашните и најчувствителните земји.

– Планираме да реагираме силно со програмите за поддршка, посебно кон малите земји, објави Мелпес преку социјалната бизнис мрежа Линкедин.

Тој најави дека наскоро ќе разговара со лидерите на Етиопија, кенија и други држави.