Светска банка ѝ одобри на Албанија заем од 100 милиони долари за реконструкција на мостови

Албанската влада почнува со реализација на проектот за обнова на оштетени мостови во земјата во рамки на заедничкиот проект со Светската банка.
Во телевизиско гостување, директорот на Албанската управа за патишта (АРРШ), Ервис Бербери рече дека заемот што ќе го овозможи овој проект е одобрен.
-Светска банка го одобри заемот во износ од 100 милиони долари. Рехабилитацијата на мостовите започнува годинава и продолжува во следните 7 години. Во првата година ќе се интервенира на 3 моста, мостот Бешир, мостот Вирои и мостот Драгоди на реката Вјоса што го поврзува округот Тепелена со околните области а ќе биде во служба и на Мемалиај, рече тој.
Проектот, чија цел е подобрување на инфраструктурата опфаќа реконструкција на 30 мостови во Албанија.
Од проектот директно ќе имаат корист 800.000 луѓе, а подобрата патна мрежа ќе овозможи побрзо движење на луѓе и стоки и ќе ја зајакне економијата.
Според Бербери, по напрсвенст студијс нс целатс територијс на земјата има 186 мостови, но само 101 од нив резултирале со проблеми и ќе бидат подложени на процес на реконструкција.